X
 14.10.2015 Наука

Илон Маск: Мора да ја напуштиме планетата Земја што побрзо

ilon

Доколку човештвото некогаш се соочи со непријател кој не може да го победи, тогаш што му останува да направи? Дали воопшто има некаков план?


Најдобро би било да се пресели на планети слични на Земјата, можеби во некој друг сончев систем. Доколку прашувате со каква опасност би се соочила нашата земја, тогаш има неколку опции како на пример масовни истребување (вештачки и предводени од климатските промени), а потоа доаѓа можност за војна (во рамките на човештвото или со вонземјани) и едно од најпознатите сценарија - астероид удира во планетата Земја и ги уништува сите видови.

Илон Маск, технолошкиот пионер на векот е особено загрижен за иднината на Земјата и ги советува луѓето да започнат да се преселуваат од Земјата колку што можат побрзо. Зошто тој толку брза?

Блогерот Тим Урбан го објаснува тековното сценарио - замислете ја Земјата како хард диск кој веќе се расипал пет пати и изгубил поголемиот дел од податоците.

Заклучувајќи од погоре, веројатно ќе бидеме сведоци на уште една несреќа со хард дискот што може да се случи секоја секунда. Затоа мора да имаме резервна планета - план Б.

Колку добро сме подготвени? НАСА подготвува да испрати мисија со екипаж на нивната капсула Орион. Илон Маск, извршниот директор на Спејс Икс сака да ги однесе луѓето на Марс и тоа не само неколку колонизирани луѓе туку над милиони за да ја забрза инфраструктурата на оваа планета.

Доколку се` оди според планот луѓето ќе живеат на црвената планета до следната деценија. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука