Марс е познат како Црвената Планета поради бојата на почвата. Таа е суво, прашливо и ветровито место, но тоа не било секогаш така. Планетата некогаш била многу влажна и на неа имало големи реки и езера. Доколку имало живот во далечното минато, тој бил богат и планетата била зелена.
Истражувачите неделава известуваат дека Марс е повторно зелен, но не затоа што ненадејно на него има живот, туку поради бојата на неговата тенка атмосфера.
Леталото „Трејс гас орбитер“, кое моментално се наоѓа на Марс, направило фотографија од зелениот сјај во атмосферата на планетата.
На Земјата имаме поларна светлина или аурора бореалис на одредени делови од планетата. Овој феномен може да се појави во зелена, сина и други бои на небото предизвикани од судирот на наелектризираните честички под влијание на магнетното поле на Земјата.
Зелениот сјај што бил забележан на Марс е различен феномен, но не е уникатен за таа планета. Марс нема толку силно магнетно поле како Земјата, но има кислород во својата атмосфера. Овие кислородни атоми се полнат од сончевата светлина и потоа светат во зелена боја. Астронаутите порано имаа забележано нешто слично и околу Земјата.
Автор: Мајк Венер
Извор:
bgr.com