X
 06.12.2018 Живот

Како најдобриот пријател на човекот станал инспирација за една епска реклама?

Инспирацијата сама, на четири нозе, се појавила додека Кен Стјуарт седел во својата канцеларија во Лос Анџелес и размислувал за идеи, посакувајќи некоја од нив да стане следната одлична реклама за „кока-кола“. Неговиот верен лабрадор ретривер Морган му ја дал креативната искра што ја барал.

- Мозокот за брзо време почна да работи - се присетува Стјуарт во 1992 година.

- Отсекогаш мислев дека Морган изгледа како поларна мечка. Понекогаш го нарекував бебе на поларна мечка. И така, помислив: - Поларна мечка. Студена коцка, освежувачка. Одлично! Морам на некој начин да ги поврзам поларните мечки.

Како што велат, другото е историја.

7

ТВ-рекламата „Секогаш кока-кола“ (Always Coca-Cola) позната под името „Северни светла“, дебитирала во февруари 1993 година при преносот на церемонијата на доделување на „Оскарите“ и веднаш станала хит меѓу обожавателите низ светот. Тие беа привлечени од едноставната, автентична приказна и нешто што тогаш беше пред секое време - компјутерска анимација со која мечките изгледаа реално.

Тогашниот потпретседател и директор на креативниот маркетинг на „Колумбија пикчрс“ добил „директива“ дека „Кока-Кола“ сака да се обиде со нешто ново, а првото нешто што го направил било гледање на рекламите во последните 15-20 години.

6

- Ги поминав сите. Барав која ќе биде мојата мисија. Онаа што секогаш се издвојувала за мене, како и за многу други. Тоа беше рекламата „Злобниот Џо Грин“. Имаше срце и топлина и толку едноставна, но моќна приказна. Сакав да ја вратам емоцијата во рекламата за „кока-кола“. Сметав дека мора да се врати на емотивната страна.

Но, Стјуарт не дошол до идејата преку ноќ, таа била резултат на многу размислување како да се направи тоа на нов начин.

5

- Кучето Морган конечно ми ја даде потребната инспирација. Морам да му оддадам признание. Го погледнав и си реков: - Ако можам да го создадам чувството што го имам за тоа куче во оваа реклама, таа би била новиот „Злобен Џо Грин“.

Следната мисла на Стјуарт била што би можеле да прават мечките во реклама.

- Кога пијам „кока-кола“, обично гледам филм на кино. Што би можеле да прават поларните мечки, а да биде слично искуство на тоа? Помислив: - Да, тие би можеле да се дружат во група на Арктикот гледајќи ја поларната светлина и пиејќи „кока-кола“.

Почувствував дека ова е нешто навистина револуционерно.

Откако ги добивме првите скици за идејата, беше креиран 3Д-глинен модел на главата, подоцна дигитализиран и усогласен во напреден софтвер на компјутерската графика. Кучето мораше да биде внимателно фотографирано во студиото за ласерски прецизно да се внесе секоја точка, за да може да биде анимирано.

Не сакав премногу да ја дефинирам мечката, поради што нема дијалог на самото место. Тоа би звучело како разговор во главата на луѓето. Не би била нивна сопствена имагинација. Ова е патување во мистичен свет. За мене, „кока-кола“ е чувство повеќе од производ. „Кока-кола“ има одредена митологија. Сакав да го продолжам наративот што ја поддржува оваа митска, магична смисла - се потсетува Стјуарт.

4

Биле потребни 4 месеци и 16 луѓе, кои работеле многу за да создадат 30 секунди. Но, имајте на ум дека зборуваме за крајот на 1992 и почетокот на 1993 година, кога интернетот не беше целосно функционален. Тогаш не постоеја алатки што денес овозможуваат секој човек на компјутерот дома да направи филм.

Анимираните поларни мечки дебитираа во 1993 година во рамките на кампањата „Секогаш кока-кола“.

- Избрав да нема човечки гласови, само звучни ефекти. Во 1993 година тоа не беше нешто на кое се навикнувате на рекламите. Рекламите имаа звук од првата до последната секунда, со херојски снимки на почетокот, средината и крајот. Во оваа реклама се обидовме да направиме нешто различно и со минимална количина на звук - вели Стјуарт.

1

Најпрво ги слушате мечката и снегот, но не знаете какви звуци се, па морате да ги идентификувате. Тогаш сфаќате дека е поларна мечка и дека ве води во мистичен свет. Гласот на оригиналната мечка го позајмува токму Стјуарт и тоа се случило сосема случајно, додека екипата се обидувала да ја пренесе емоцијата по пиењето „кока-кола“.

Првата реакција на рекламата со поларните мечки беше ентузијастична. На прес-конференцијата за медиумите новинарите дури и аплаудирале, а веста за револуционерната реклама се најде на насловната страница на „Њујорк тајмс“. И перцепцијата на јавноста беше сосема иста.

2

Истата година беа снимени уште три реклами со поларни мечки. Трендот продолжи и во наредните три години. Во секоја од овие реклами семејството на мечки се зголемува, но и понатаму останува иста суштина на забавата и уживањето. Универзумот на мечки е среќен и сакате да спаѓате во него.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот