На Меѓународната вселенска станица НАСА ќе испрати нешто што ќе се нарекува „хотел за роботи“. Лансирањето е закажано за оваа недела со ракетата „Фалкон 9“ на компанијата „Спејс Екс“.
„Роботик тул стоуeџ“, како што гласи официјалното име на опремата што ќе биде испратена во вселената, всушност е складиште, односно гаража во која ќе се чуваат роботите додека не се користат за да се заштитат од радијација, микрометеори и други опасности во вселената.
Првите двајца гости ќе бидат роботите „Роботик Екстернал Лик Локејторс“, а нивната задача е да најдат дупки на надворешниот труп на вселенската станица.
Досега роботите се чуваa во самата станица, но заземаат голем простор. Освен тоа, треба да бидат калибрирани пред да се испратат да ја завршат задачата, а тоа трае цели 12 часа.
Бидејќи нивниот „
хотел“ ќе биде сместен надвор од станицата, роботската рака „Декстер“ полесно ќе стигне до нив и ќе ги испрати на работа.