X
 06.12.2019 Живот

Олга од Србија и на 77 години го носи на грб својот 59-годишен син

Предраг Бошковиќ (59) од Косјериќ, Србија, од раѓање се бори со церебрална парализа. Каде и да одел, одел на рамената на мајка си, за која вели дека е мајка-храброст.

- Својот живот ми го подари мене - вели Предраг.

Фото: zena.blic.rs

Олга била подготвена да помести и планини за нејзиниот син и нашла начин како да му помогне - кога бил мал го носела на училиште, а денес, иако има 77 години, го става на грб и го носи до тремот, каде што тој има резбарска работилница. Предраг почнал да се занимава со тој занает пред 30 години. Сè што ќе види, може да го направи со една рака. А занаетот го учел од стар столар.

Фото: zena.blic.rs

- Ми се чини дека имав некој талент во мене - вели тој скромно.

Во куќата стара 120 години Предраг живее опкружен со работи што самиот ги направил. Ниедна техника не му е непозната, од гравирање до декупаж. Секој предмет што ќе излезе од неговата работилница е нов подвиг.

Само со таквите успеси Предраг го мери времето.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот