X
 12.01.2021 Живот

Србија го укинува задолжителниот ПЦР-тест за влез во земјата за македонски граѓани

Од 14 јануари, четврток, Србија го укинува задолжителниот ПЦР-тест за влез во земјата за македонски граѓани, соопштија од македонската Влада по телефонскиот разговор на премиерот Зоран Заев со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.

- Премиерката Ана Брнабиќ го информира премиерот Заев дека од четврток, 14 јануари, Република Србија ќе го укине задолжителниот ПЦР-тест за влез во Србија за граѓаните на Северна Македонија, со што повторно ќе се обезбеди реципроцитет и обострана непречена комуникација меѓу граѓаните на двете земји - стои во соопштението.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот