X
 14.05.2024 Живот

Кина и Србија склучија вселенски сојуз

Според кусото соопштение од кинеските медиуми, Србија и Кина потпишале меморандум во областа на иновациите во истражувањето и мирното користење на вселената. Договорот е склучен меѓу кинеската национална вселенска администрација ЦНСА и Министерството за наука, технолошки развој и иновации на Република Србија.

Тоа би можело да значи дека Србија ќе се приклучи на проектот за изградба на руско-кинеската меѓународна научноистражувачка станица ILRS и на другите земји со кои е потпишан договорот, а тоа се Јужна Африка, Венецуела, Азербејџан, Пакистан, Белорусија, Египет и Никарагва.

Кина тврди дека 50 земји, 500 научноистражувачки институции и 5.000 меѓународни истражувачи биле вклучени во соработката во врска со изградбата на лунарната база ILRS.

Неодамнешното доаѓање на кинескиот претседател Си Џинпинг во Србија, каде што тој и Александар Вучиќ потпишаа многу договори за соработка поврзани со извозот на српските земјоделски производи во Кина, имаше друга конотација, дури и на полето на вселенските истражувања.

Српскиот претседател го повика Си да отвори производствени капацитети за возови и летечки автомобили во Србија и Кина да помогне во организацијата на меѓународната изложба Експо 2027, која ќе се одржи во Белград, а сега гледаме дека освен сливи, Србија може да извезува и астронаути во Кина.

Извор: Vidi.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот