X
 06.12.2022 Живот

Гоблински режим е збор на годината според Оксфордскиот речник

„Оксфорд ленгвиџис“, компанијата која стои зад Оксфордскиот речник на англискиот јазик, го одбра зборот на годината за 2022.

Со помош на специјален софтвер, лексикографите во компанијата ги одбрале зборовите, односно фразите, кои ги претставуваат расположението и ставовите што ја одбележаа оваа година. Откако биле одбрани три фрази, јавноста гласала за зборот, односно фразата на годината.

По две недели гласање и 300.000 гласа, го имаме победникот. Зборот на годината според Оксфордскиот речник е гоблински режим (goblin mode). Веројатно сте го искусиле ова иако не сте свесни дека има име.

Што е гоблински режим?

Како што објаснуваат од компанијата, фразата го опишува однесувањето кое е неоправдано мрзливo или алчно на начин кој ги отфрла општествените норми или очекувања.

Концептот е спротивен на амбициозноста, а особено бил популарен во текот на пандемијата кога луѓето научиле дека не мора секогаш да се трудат да бидат најдобрата верзија од себеси.

На пример, јадење житарици од пластичен сад навечер бидејќи сè друго е валкано е гоблински режим.

Извор: Mental floss
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот