Кој збор или израз го доловува расположението за 2019 година?
Ако го прашате речникот „Оксфорд“, тоа е „климатска вонредна состојба“ (climate emergency).
Речникот го дефинира изразот „климатска вонредна состојба“ како: ситуација во која се бара итна акција за намалување или спречување на климатските промени и избегнување потенцијално неповратни штети врз животната средина што резултираат од нив.
Одлуката за зборот на годината на овој речник следува по направената анализа на собраните јазични податоци, како и други индикатори за мерење на културното влијание, со цел да се идентификува зборот или изразот што го опфаќа „расположението или преокупацијата на годината“ и нуди „траен потенцијал како термин од културно значење“.
Во своето соопштение речникот забележува дека зборот „климатска вонредна состојба“ се искачи од „релативна нејасност“ до „еден од најистакнатите и најдебатирани термини во 2019 година“.
Собраните податоци откриваат дека употребата на терминот во 2019 година се зголемила за 10.796 отсто во споредба со претходната година.
„Климатска вонредна состојба“ бил избран од потесниот список со други
фрази за климата, вклучувајќи ги и зборовите „климатска криза“, „климатско дејствување“, „истребување“ и „екоанксиозност“.