X
 30.11.2021 Живот

Кој е зборот на годината според „Меријам-Вебстер“?

Американскиот речник „Меријам-Вебстер“ го одбра зборот „вакцина“ за збор на годината.

- Овој збор многу често се наоѓаше во нашите податоци секој ден во 2021 - изјавил Питер Соколовски, уредник на речникот.

Зборот на годината кажува две различни приказни: научната и онаа за дебатите во врска со мерките, политиките и политичката припадност, додал тој.


Фото: Pixabay

Минатата година речникот го прогласи зборот „пандемија“ за збор на годината.

Пребарувањата на зборот „вакцина“ во речникот се зголемиле за 601 отсто минатата година во споредба со претходната. Во споредба со 2019 г. пребарувањата на овој збор се поголеми за 1.048 отсто.

Речникот „Меријам-Вебстер“ го одбира зборот на годината според податоци од пребарување од страна на корисниците наместо од страна на комитет, како што е случајот со другите речници. Речникот одбира збор на годината од 2008.

Извор: Euronews
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот