X
 23.12.2016 Образование

Познатиот речник „Merriam-Webster“ го објави зборот на годината

Најпознатиот речник во Америка „Merriam Webster“ го објави зборот за 2016 година - на врвот се најде „surreal“.

 

збор


Нивниот процес на селекција беше спроведен според два критериуми: голем обем на пребарувања и значаен пораст од година во година, на страната на „Merriam-Webster“. Како што компанијата вели, резултатите фрлија светлина на теми и идеи кои предизвикаа интерес кај луѓето во текот на 2016 година.

Меѓутоа, пред само неколку недели, „Merriam Webster“ на својот „Twitter“ профил објави дека на врвот на нивната листа беше зборот „Fascism“, повикувајќи ги интернет корисниците да започнат да пребаруваат нов збор.

„Интересот поврзан со одреден збор обично е предизвикан од еден настан, така што навистина извонредно е тоа што оваа година интересот за зборот „surreal“ (надреално) доаѓа од многу различни приказни. Историски гледано, овој збор е еден од најпребаруваните после „tragedy“, во деновите после 9/11, меѓутоа и беше поврзан со широк спектар на приказни оваа година“.

Друг збор кој беше доста пребаруван е „bigly“, збор кој воопшто не се користи. Издавачот на речникот вели дека зборот потекнува од Доналд Трамп кој постојано ја користел фразата „big league“ во текот на изборите, со што неговиот чуден изговор предизвикал многу луѓе да претпоставуваат дека станува збор за еден збор - „bigly“.

„Surreal“ се придружи на претходните победници - „socialism“ (2012), „culture“ (2014), „truthiness“ (2006) и wOOt (2007).
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование