X
 07.01.2019 Забава

Божиќните трпези ширум светот

Обичаите и традициите ширум светот се разнолики, но сите луѓе ги обединува едно нешто, а тоа е љубовта кон храната. Божиќ е можност за готвење на секаква храна која немаме можност да ја консумираме во текот на годината.

Ова се вкусните специјалитети кои се подготвуваат за време на овој празник во различни земји од светот.

Португалија

Португалците јадат на полноќ, ноќта меѓу Бадник и Божиќ. Тие јадат сушен бакалар со готвен компир. На португалската празнична трпеза има колачи, благи тестенини и десерт познат како формигос.

Италија

Италијанците сакаат да имаат разновидна храна на трпезата, која главно е полна со тестенини, печено месо, салати, пудинзи, сирење, овошје, чоколада, вино и ракија.

Норвешка

Норвешкиот божиќен оброк вклучува бакалар, свински котлети и разни колбаси.

Русија

Русите за време на божиќните празници на трпезата задолжително имаат кнедли од месо, разни колачи и солени и благи пити.

Чешка

Традиционалната празнична трпеза во Чешка вклучува рибина чорба, салата, јајца и крап.

Јамајка

Јамајканците за Божиќ подготвуваат грашок, ориз, пилешко и козјо месо.

Јапонија

На јапонските трпези најчесто има печено пиле, торта и шампањ.

Гренланд

На Гренланд за Божиќ се консумираат морски птици, кои наликуваат на пингвини, завиткани во кожа од фока.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава