X
 20.11.2015 Живот

Научната причина поради која некоја храна е повкусна

Индиската храна се смета за особено вкусна насекаде низ светот. Со своите специфични вкусови кои се движат од слатко до солено, луто и кисело, необичните текстури и комбинациите на месо и зеленчук ја прават уникатна и популарна. Што е она што ја прави токму оваа храна посебно вкусна?


Научниците го поставувале истото прашање и неодамна направиле анализа на 2.500 рецепти за да го добијат одговорот. Истражувачите од Индискиот институт за технологија користеле податоци од интернет-страница за рецепти за да го добијат одговорот, а одговорот е покомплициран отколку што мислите.

Имено, западните кујни обично се обидуваат да спојат намирници кои го делат „видот на вкусот“, но индиската кујна се карактеризира со она спротивното. Така, во рецептите за индиските оброци често се наоѓаат комбинации од повеќе вкусови кои се добиваат со користење зачини, месо, семки и друго.

Секој додаток има посебна улога во оброкот, откаде доаѓа и уникатниот вкус на секој оброк. Ова, според научниците, е главната причина поради која ова храна е вкусна.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот