X
 14.04.2015 Живот

Што јаде светот во еден ден?

Видеото го споредува дневното внесување храна за различни земји низ светот. Во него се прави споредба и на видот на храната која се внесува во светот.


Така, светот јаде 22% житарки, 9% месо, 39% зеленчук и овошје, 7% шеќер и масти, 15% млеко и јајца и 8% останато. Кога станува збор за САД, жителите јадат 11% житарки, 14% месо, 28% зеленчук и овошје, 9% шеќер и масти, 27% млеко и јајца и 11% останато.

Британците јадат 12% житарки, 33% зеленчук и овошје, 11% месо, 6% шеќер и масти, 27% млечни производи и јајца и 12% останато. Во Бразил луѓето јадат 14% житарки, 30% зеленчук и овошје, 13% месо, 12% шеќер и масти, 19% млечни производи и јајца и 12% останато.

Кинезите јадат 56% зеленчук и овошје, 18% житарки, 11% месо, 3% шеќер и масти, 6% млечни производи и јајца и 7% останато. Во Индија жителите јадат 32% житарки, 33% зеленчук и овошје, 2% месо, 12% шеќер и масти, 18% млечни производи и јајца и 4% останато.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот