Сингапур и Цирих се прогласени за најскапи градови во светот оваа година, а потоа следува Њујорк, откри истражувачката и аналитичката филијала на „Економист груп“, наречена „Економист интелиџенс јунит“ (EIU). Станува збор за студија за трошоците за живот во светот, која беше објавена оваа недела.
На тој начин Сингапур ја задржа позицијата на најскап град во светот по деветти пат во последните 11 години. Овој град-држава има највисоки цени за транспорт во светот, а воедно е и еден од најскапите за облека, намирници и алкохол, според истражувањето.
Цирих се искачи од шестото на второто место и речиси се израмни со Сингапур, поради зголемените цени на храната, стоките за домаќинство и рекреативни производи, како и силата на швајцарскиот франк.
Њујорк падна на третото месо, на исто место со Женева, додека Хонгконг беше петти.
Листата со првите десет ги заокружуваат Париз, Копенхаген, Лос Анџелес, Сан Франциско и Тел Авив.
Поради рекордната инфлација, четири од 10. најскапи градови се наоѓаат во Западна Европа. Особено се поскапени храната и облеката.
Извор:
Biznis.telegraf.rs
Фото: Freepik