Српската инфлуенсерка и поранешна стјуардеса Кристина Грабеж често споделува видеа за нејзините искуства во работата во авионската индустрија. Во едно неодамнешно видео таа покажува како изгледа летањето во една од најскапите први класи во авион.
- Иако многу авиокомпании имаат свои верзии на прва класа, блискоисточните авиокомпании ги имаат најексклузивните и најскапи седишта во авионот - вели Кристина.
Како што открива таа, секое седиште во првата класа има посебна врата која може да се затвори за да се добие приватност. Бесплатните додатоци како грицки, слушалки и прекривки се подобри отколку во остатокот од авионот, а патниците во прва класа добиваат и козметика и пижами.
Овие гости ги служи и готвач, а јадењата се многу подобри отколку тие за другите патници. Карта за летање во прва класа во овие компании може да чини и над 10.000 евра, открива Кристина.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Freepik