Доколку сакате големи куќи, но не може да си дозволите да живеете во таква, постои оглас за работа која може да биде идеална за вас.
Веб-продавницата „Хашхаш“ моментално бара луѓе што ќе бидат платени да оценуваат луксузни домови низ целиот свет. Според огласот, одбраните кандидати ќе живеат во секој од домовите една недела и ќе заработат 2.000 фунти (2.299 евра) за секој оценет дом.
Фото: Pixabay
Моментално на платформата може да се најде замок на француската ривиера, шпанска вила со 25 спални соби, како и палата во Сан Франциско. Успешните кандидати треба да очекуваат да бидат сместени во вакви куќи.
Платформата ќе одбере од 5 до 10 кандидати кои ќе треба да посетат околу 10 до 15 дома годишно. Од нив ќе се бара да напишат извештај од 800 збора за секој дом врз основа на локацијата, достапноста, стилот, удобноста и соодветноста за платформата во период од 5 дена откако ќе се вратат дома. За оние што се заинтересирани, пријавувањето е
овде.
Фото: Pixabay
Барањата за кандидатите се валиден пасош, да не се осудувани претходно, да може да оценат дом дури и кога се известени во последен момент и да може да покажат дека имаат добро око за детали и добри вештини за пишување. Според платформата, одбраните кандидати ќе бидат контактирани во следните недели.
Извор:
Independent.co.uk