X
 07.02.2019 Наука

Движењето на северниот магнетен пол ги натера научниците да создадат нов модел

Позицијата на северниот магнетен пол на Земјата, кој се користи за навигациските системи, како паметните телефони, се движи многу побрзо отколку што порано се движел, што ги принуди научниците да поитаат да создадат нов модел оваа недела.

Северениот магнетен пол е најсеверната точка во која геомагнетното поле покажува вертикално, т.е. аголот е 90°.

Светскиот магнетен модел е клучен за морската и воената навигација, како и за нашите паметни телефони.

Таа вообичаено се ажурира на секои пет години, но распоредот е сменет и процесот е „турнат“ една година нанапред поради непланираните варијации во арктичкиот регион, се наведува во соопштение од американскиот Национален центар за информации за животната средина.

Точката која шета, која долго време беше над Канада и одвај се поместуваше, сега се движи со брзина од 55 километри на година, велат научниците.

Магнетното поле на Земјата главно е генерирано од движењето на течното железо, кое го сочинува поголемиот дел од Земјиното јадро, 3.000 километри под површината. Тоа движење е она што прави половите да се движат, но причината за неодамнешното забрзување останува мистерија.

Па, научниците морале да го ажурираат нивниот модел пред крајниот рок, кој истекува кон крајот на годинава.

- Тоа е многу бавно движење, но е многу реално и во текот на неколку децении може да биде неколку степени - истакнува Арнод Чулијат, геофизичар од Универзитетот во Болдер, Колорадо.

Тоа не е многу важно во најнаселените области, но во близина на магнетното поле промената е брза.

Моделот овозможува коригирање на насоката посочена од страна на компасите за наоѓање на географскиот север, која е фиксирана.

Магнетниот север со векови се движел повеќе или помалку непредвидливо кај архипелазите на Северна Канада. Од крајот на 19 век, тој оди кон Сибир.

Од 90-тите години на 21 век движењето се забрза низ Арктичкиот Океан, од околу 15 километри годишно на околу 50 до 55 километри годишно, колку што е и сега.

Движењата на магнетниот северен пол од 1590 до 2019 година според мерењата и компјутерското моделирање
Фото: Yahoo
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука