X
 29.09.2018 Технологија

Стив Џобс го направил пред повеќе од 40 години, а сѐ уште работи

Целосно функционален компјутер „Епл 1“ од седумдесеттите години е продаден за 375.000 долари на аукција.

Компјутерот е еден од вкупно 60 останати оригинални компјутери, од кои имало 200, а се дизајнирани и составени од Стив Џобс и Стив Вознијак во 1976 и 1977 година. Само уште 16 од нив сè уште работат.

Тогаш компјутерот бил продаден за помалку од 700 долари. Оригиналниот сопственик понудил да му го продаде на Вознијак во 1982 година за 10.000 долари, но таа понуда не добила одговор.

- „Епл 1“ беше значително послаб во споредба со „Епл 2“, но на светот му покажа формула за корисен компјутер кој може да си го дозволите - истакна Вознијак.

Продадениот компјутер е реставриран и вратен во оригиналната состојба, а без проблем го минал и 8-часовниот тест.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија