X
 07.02.2020 Економија

Неочекуваната земја-победник во трговската војна помеѓу САД и Кина

Трговската војна помеѓу САД и Кина го намали производството и влијаеше врз бизнис-инвестициите во двете земји. Но, има барем една земја што профитира од овие случувања, а убедливиот победник е Виетнам.

Увозот во САД од Кина паднал за 87 милијарди долари во 2019 година, или 16%, во споредба со претходната година, покажуваат податоците на американското биро за попис. Овој пад е резултат на тарифите наметнати од Белата куќа кои влијаеја врз трговијата помеѓу двете земји.

Сепак, целосниот увоз паднал само 1,7% во 2019, односно бил намален за 42,6 милијарди долари бидејќи останатите земји го пополниле местото на Кина.

Фото: Slate

Најголемиот победник е Виетнам со оглед на тоа што многу американски компании се одлучиле за алтернативи од оваа земја во повеќе индустрии. Увозот од оваа земја во САД се зголемил за 36%, односно за 17,5 милијарди долари. 

Фото: Pixabay

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија