X
 08.10.2017 Култура

Олдтајмер собир во Свети Николе

1

Вчера во Свети Николе за првпат се одржа Олдтајмер собир, организиран од олдтајмер клубот „Свети Николе“. И покрај дождот и ниските температури, во Свети Николе се собраа повеќе од 40 стари возила. Освен од земјава, на собирот гостуваа олдтајмери и од соседна Србија.

Настанот започна со концерт на групата Троја, а доделувањето на наградите се одржа во амфитеатарот на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, кој е и генерален покровител на настанот.
Наградите беа доделени во пријателска атмосфера, со договор настанот повторно да се одржи наредната година.

По завршувањето на собирот, гостите беа поканети на проекција на популарниот македонски документарен филм „Avec l’amour“, кој е снимен за љубителот на стари возила од Неготино, Дионис Пашлаков.

Филмот е режиран од Илија Цветковски, а продуцент е Атанас Георгиев. Проекцијата се одржа во амфитеатарот на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе.

1

2

3

5

6

7

8

9

11

13

14

16

17

19

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура