X
 07.02.2022 Култура

„Француски бакнеж“ во Филхармонија

Членовите на француското трио „Ана Кап“ ќе настапат во Македонската филхармонија на 11 февруари во 20 часот, на концертот насловен „Француски бакнеж“. Диригент на концертот ќе биде Џијан Емин, а гости на концертот се и виолинистот Оливие Самуијан и вокалистката Бети Жарден.

Триото „Ана Кап“ го сочинуваат Пјер Миле на труба, Мануел Декок на виолина и Жан Мишел Трото на хармоника. 

- Триото свири, пее, танцува и „распарчува“ и ништо не е оставено на случајноста. Феноменалното шоу на француското трио „Ана Кап“ е вистинско камелеонско, инспиративно патување во кое се комбинираат виртуозна музика, чудесна комедија и дадаистички песни - стои во описот на триото.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура