Eдна од најдобрите млади пијанистки на светската музичка сцена - Јеол Еум Сон од Јужна Кореја, вечерва со почеток од 20 часот ќе настапи со оркестарот на Филхармонија. Концертот е насловен „Фрески“ според истоименото музичко дело на македонскиот композитор Благоја Ивановски, кое ќе биде изведено на овој концерт, заедно со концертот за пијано и оркестар бр.2 и „Танцот на смртта“ од Камиј Сен-Санс. Диригент ќе биде маестро Сашо Татарчевски.
- Светската музичка критика ја оценува како врвен изведувач со грациозна и безвремена интерпретација, кристален и разнобоен тон и возбудливи изведувачки перформанси. Јеол Еум Сон е брилијантна пијанистка која прави совршен баланс меѓу енергијата и гравитацијата - соопштуваат од Филхармонија.
фото: ФБ-настан на Филхармонија