X
 20.01.2022 Култура

Филхармонија со настап на виолинистката Елишија Силверштајн вечерва ја стартува 2022

Македонската филхармонија вечерва во 20 часот ќе го почне вториот дел од концертната сезона со настанот насловен „Галантна Индија“. Концертот ќе биде под диригентската палка на маестро Габриел Бебешелеа, а како солистка ќе настапи Елишија Силверштајн, една од најзначајните млади американски виолинистки. На програмата се Концертот за виолина и оркестар бр.9 од Жозеф Болоњ (Шевалие де Сан Жорж) и Оркестарската свита од операта балет „Галантна Индија“ од Ж.Ф.Рамо.

Американската виолинистка Елишија Силверштајн на светската музичка сцена се етаблира како изведувач со невообичаено смели и проникливи изведби, а некои музички критичари ја вбројуваат меѓу најзначајните претставници на својата генерација.
Маестро Габриел Бебешелеа е шеф-диригент на оркестарот на Филхармонија. Музичката репутација на Габриел Бебешелеа брзо почнала да расте по воодушевувањата од страна на критиката и публиката, за неговата исклучителна музикалност и ентузијазам со кој ги предводи оркестрите.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура