X
 23.10.2019 Технологија

Новости на „Фејсбук“ за персонален компјутер: нов дизајн, опција за темен режим...

„Фејсбук“ почна да воведува нов интерфејс за корисниците на персонални компјутери: покрај традиционалната бела заднина, корисниците ќе можат да изберат и темен режим наречен „dark mode“.

Кога ќе се пријават од персонален компјутер, на некои корисници на екранот ќе им се појави прозорче со прашање дали сакаат да го пробаат новиот дизајн на „Фејсбук“ наречен „Фејсбук бета“.

На оние што ќе ја прифатат понудата им се дава можност да преминат во темен режим и ќе можат да ги откријат предностите и мааните на работата на темна заднина.

Освен темниот начин на работа, „Фејсбук бета“ треба да биде појасен и полесен за употреба, со поголеми фонтови и поедноставена навигација. Исто така, запомнува каде сте застанале додека сте вртеле низ „њуз фид“.

Својата бета-верзија „Фејсбук“ често ја ограничува за само одредени земји, обично во САД, но се чини дека групата за тестирање на новиот интерфејс вклучува корисници од цел свет, па обидете се да се најавите и сами откријте дали сте меѓу нив.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија