Многумина веруваат дека интернетот е медиум за помладата генерација, а нашите баби и дедовци честопати не знаат да ја користат технологијата или сметаат дека е непотребна.
Но, една 86-годишна баба од Англија често користела интернет, но на старомоден, учтив начин.
Имено, вклучениот лаптоп на Меј случајно го видел нејзиниот внук Бен и тој го открил нејзиниот необичен начин на кој пребарува преку „Гугл“. Меј не ја мрзело по секое прашање да го замоли интернетот да ѝ даде одговор и да му се заблагодари соодветно, не разбирајќи како функционира „Гугл“.
Нејзиниот внук објасни дека Меј мислела дека зад гугл-пребарувачот стои личност која одговара на прашањатa.
- Мислеше дека пребарувањето ќе биде побрзо ако биде љубезна и ако ги покаже своите манири - вели Бен.
Меј ѝ го привлече вниманието на компанијата „Гугл“, која нашла начин јавно да ѝ се заблагодари.
- Најдрага баба на Бен, се надеваме дека сте добро. Во светот со милијарда пребарувања, вашите нè израдуваа. Ви благодариме - напиша тимот на „Гугл“ на „Твитер“.
Се чини дека учтивоста, пристојноста и убавиот збор се позитивни вредности што не излегуваат од мода, а постарите луѓе знаат да ни ги стоплат срцата дури и во време кога живееме брзо и често забораваме да ги кажеме едноставните, а магични зборови - „ве молам“ и „благодарам“.