X
 25.09.2018 Технологија

„Гугл“ без одобрување ги логира корисниците на „Хром“?

Со години „Гугл“ им ја дава можноста на корисниците да сурфаат на интернет преку „Хром“ без да се логираат.

Но, безбедносен експерт вели дека „Гугл“ тивко ги промени своите барања, па така сега кога корисникот се логира во некоја услуга на „Гугл“, како што е „Џимејл“, „Хром“ автоматски го логира на нивниот профил. „Гугл“ ги вметна новите барања за логирање во најновото ажурирање на „Хром“ без да ги извести корисниците, вели Метју Грин, експерт за криптографија кој предава на Универзитетот „Џонс Хопкинс“.

hrom

Кога ќе се логираат, корисниците на „Хром“ ги испраќаат своите податоци од пребарувањето на „Гугл“, вели Грин и додава дека менаџерите на „Хром“ му кажале дека со самото логирање во „Хром“ не значи дека информациите за пребарување на корисниците ќе бидат испратени до „Гугл“ - тие и понатаму ќе треба да ја активираат функцијата за синхронизирање пред да се случи трансферот на податоци.

Токму затоа Грин се откажал од користењето на „Хром“.
- Сега кога сум принуден да се логирам во „Хром“, се соочувам со сосема ново мени што претходно не сум го видел - вели тој.

Грин вели дека ова може да ги натера корисниците по грешка да прифатат синхронизирање. Тој вели дека пред промената на логирањето корисниците на „Хром“ мораа да ги внесат своите информации. Сега тие се еден клик оддалечени од предавање на нивната историја на пребарување на „Гугл“.

- Ако не ја почитувате мојата согласност за најголемата опција за приватност со која се соочува корисникот на „Хром“, тогаш зошто да ви верувам во која било опција за согласност што ми ја давате - вели Грин.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија