X
 07.02.2022 Култура

Зошто во Централ парк во Њујорк е поставена златна коцка вредна 11,7 милиони долари?

Во Централ парк во Њујорк можете да најдете сè и сешто, па зошто не и голема златна коцка?

Германскиот артист Никлас Кастело пред неколку дена постави коцка направена од 186 килограми чисто 24-каратно злато токму во средината на паркот. Прашањето сега е како да се заштити структурата?

Зошто златна коцка? Кастело ја изградил коцката како концептуална „основа на светот“ - скулптура за современите денови. Моментално не е на продажба, но дури и да беше, малкумина би можеле да си дозволат да ја купат.

Според тимот на артистот, коцката вреди неверојатни 11,7 милиони долари и всушност илустрира прилично кул концепт за светот денес.

- Коцката може да се гледа како вид врска меѓу културниот екосистем на 21 век заснован на крипто и античкиот свет каде што владеело златото - истакнува Лиза Кандлхофер.

И навистина се заснова на крипто. Кастело лансира и придружна криптовалута заедно со суперскапата коцка. Се вика кастело коин и се продава по почетна цена од 0,39 евра. Како и со сите нешта денес, криптовалутата е поврзана и со аукција на НФТ, која е закажана за 21 февруари.


Иако сме навикнати уметноста да е современа, ваквите инсталации придружени со криптовалути некогаш може да изгледаат како измами. Приказната е слична со онаа за невидливата скулптура која беше продадена за 15.000 евра. Тоа дело се состоеше само од празен простор. Можеме да се тешиме барем со тоа дека никој не може да го украде, додека златната коцка мораше да се постави во паркот со големо обезбедување за да биде сигурна.

Што следно ќе смислат уметниците?

Извор: Interesting Engineering
Насловна фотографија: Instagram
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура