X
 08.07.2015 Технологија

Подземната мрежа која претставува "Google" во Куба

Во Куба голем дел од населението нема пристап до интернет. Впрочем, интернет имаат само некои лица, и тоа на работните места, во домовите на странците и во најскапите хотели. Меѓутоа, постои еден мал кубански бизнис кој им обезбедува пристап до содржини од интернетот на локалните жители со помош на илјадници УСБ-стикови.


Бизнисите се водени од група луѓе кои поседуваат компјутери и имаат пристап до интернет. Локалните жители користат УСБ-стикови за да добијат содржини од интернетот коишто ги сакаат. Може да се одберат филмови, музика, видеа, апликации и видео игри.


Бизнисите се распространети на повеќе места низ Хавана. Некои се опуштени, а некои изгледаат како формални канцеларии кои нудат и продажба на софтвери. Но, секој локален жител знае како да стигне до нив - нивната врска со поврзаниот свет.


Во оваа земја, владата ги поседува сите медиуми. Подземниот бизнис за нудење информации од интернет, впрочем, функционира и како медиумски сервис. Таму се „објавуваат“ сите вести кои не се наоѓаат на медиумите.

Засега, групата не открива како има пристап до интернет.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија