X
 27.08.2023 Здравје

Оревите помагаат да се намали стресот кај студентите

Студентите може да го намалат стресот предизвикан од студирањето ако јадат ореви, покажува ново истражување спроведено од истражувачи на Универзитетот на Јужна Австралија.

Во истражувањето стои дека оревите го намалуваат влијанието што го врши стресот врз цревата, особено кај жените. Претходни истражувања покажале дека оревите се добри и за мозокот. Во новото истражување учествувале 80 додипломци во период од 16 недели.

Било откриено дека оние студенти што јаделе половина шолја ореви дневно имале подобро ментално здравје и биле под помал стрес од другите.

- Испитаниците што јадеа ореви покажаа и подобри метаболички биомаркери и подобар квалитет на сонот на подолг рок - изјавил Мориц Херселман, еден од истражувачите.

Меѓутоа, истражувачите посочуваат дека во анализата учествувале помал број машки студенти. Освен тоа, не се отфрла и можноста за плацебо-ефект.

Извор: Erudera
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје