Се сеќавате на предвидувањата за крајот на светот во 2012 година? И низа други датуми според кои пристигнува судниот ден, но светот уште постои. Сепак, ваквите апокалиптични предвидувања не стивнуваат. Ова се неколку од нив што би се случиле во иднина:
1. Второто доаѓање – 2021
Ф. Кентон Бишор е претседател на Светското библиско општество и е убеден дека во 2021 ќе се случи Армагедон. Ова се должи на неговата интерпретација на парабола од дрво од смоква. Ова е параболата: Фармер е лут што неговото дрво од смоква не му давало плодови 3 години. Пред да го исече, работник му вели да го остави дрвото со него 1 година. Многумина го интерпретираат ова како Господ кој сака да ги порази неверниците, но Исус им дава втора шанса. Дрвото од смоква е често метафора за Израел. Бишор смета дека Исус ќе се врати една генерација по основањето на Израел, а според него, борбата со Сатаната ќе започне до 2021 година.
2. Астероид - 2026
Фондацијата „Месија“ е основана во 2002 година и подразбира верување во сите теистички религии. Според нив, научниците се свесни за огромниот астероид кој е упатен кон планетата, а судирот ќе биде во 2026 година. Кога тоа ќе се случи, оние кои чекале ќе се вратат и ќе ги спасат сите оние кои се вредни за спасување. Оној кој чека е Исус – Месијата.
3. Предвидувањето на Њутон – 2060
Кога ќе се спомене Њутон, сигурно помислувате на наука и разум, но и кај него е застапено вакво предвидување. Тој верувал во Бог и дека Библија содржи информации за завршетокот на светот. Неговите пресметки се долги и комплексни, но тој верувал дека крајот на светот ќе дојде по долг период на корупција во Католичката црква. Се надевал дека овие предвидувања ќе влијаат на подобрување на состојбата во црквата.
4. Исламско второ доаѓање – 2129
Технички, христијаните, муслиманите и евреите веруваат во еден исти Бог. Според исламските предвидувања, апокалипската нема да биде настан кој ќе трае 1 ден, туку тоа ќе се случува одредено време. Ќе започне со тоа што светот ќе стане место за војна и опресија кон муслиманите, што е слично со она што се случува денеска во светот. Потоа оној кој чека, ќе ги обедини сите муслимани и ќе постави основа за враќањето на пророкот. Светот ќе заврши со земјотреси, пожари.
5. Часовникот на Месијата – 2239
Припадниците на јудеизмот секогаш го чекаат Месијата. Раби Елијаху во 18 век, го развил часовникот кој го одбројува доаѓањето на Месијата. Кај евреите деновите се поразлични од оние во грегоријанскиот календар. Па така, Месијата ќе се појави пред Сабатм на 30 септември, 2239 година и ќе помогне во подготвувањето за новот кралство во рајот.
6. Курански код – 2280
Рашад Калифа бил египетски биохемичар кој користел компјутери во 60-те, па анализирал зборови, писма, стихови, бројки. Тврдел дека бројот 19 е клучот во откривањето на тајните на еден антички текст. Првиот стих од Куранот има 19 букви, како и првиот стих од Последното откровение. Бројката 19 се повторува во уште неколку податоци од религиските текстови, а Рашад вршел и геометрски пресметки кои повторно му ја покажувала истата бројка. Со сето тоа, добил резултат дека светот ќе заврши во 2280 година. Кога тоа време ќе дојден, рог ќе се одгласи и Земјата ќе биде срушена.
7. Проповедот на седумте Сонца – 84517
Будизмот е една од најтолерантните религии и има навистина голем број на почитувачи, дури и од оние кои не се религиозни. Според Будизмот, во 4517 година, сите ќе живеат себични и грешни животи. Потоа ќе настапи проповедот на седумте Сонца. Нашето сонцето ќе биде сведок како сиот растителен живот ќе се исуши, животните ќе умираат кога второто сонце ќе се појави, а третото, четвртото и петото Сонце ќе ги исуши реките, езерата и океаните, па шестото Сонце ќе донесе ера на насилни вулкански ерупции.
Седмото Сонце ќе се појави на крајот и
Земјата ќе ја фрли во пламен, се додека комплетно не изгори. Некои гледаат на Сонцата како буквални Сонца кое влегуваат во нашиот соларен систем или супернови.