X
 07.03.2022 Живот

Бидете дел од третиот „Хакатон за отворени податоци“!

Ги повикуваме сите заинтересирани студенти, стартап-компании од областа на ИT и сите ИT-ентузијасти да се пријават за учество на третото издание на „Хакатонот за отворени податоци“, кој ќе се одржи од 24 до 27 март 2022 година во хотелот „Панорамика“ - Скопје. Хакатонот се организира во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Што е „Хакатон за отворени податоци“?

„Хакатон за отворени податоци“ е 4-дневен предизвик на кој учесниците треба да создадат креативно решение што ќе овозможи промовирање на концептот за отворени податоци. Основната цел на хакатонот е доближување на отворените податоци до сите граѓани и нивно прикажување на едноставен и иновативен начин.

1. Кој има право на учество?

Право на учество имаат тимови составени од студенти или стартап-компании од областа на ИТ. Неопходно е членовите на секој тим да имаат знаења од програмирање, дизајн, економија, маркетинг и сл. Еден тим може да има најмалку тројца членови, а најмногу осум. Едно претпријатие (*стартап-компанија) може да пријави само 1 тим.

*Стартап-компанија е претпријатие кое не е постаро од 6 години, кое има или сѐ уште работи на развивање  иновативен производ или услуга и се наоѓа во рана инвестициона фаза.

2. Награден фонд за победникот?

Победникот на Хакатонот ќе добие 3.000 долари, средства наменети за комплетирање на демо-верзијата во функционална апликација.

3. Регистрација на учесници

Пријавувањето на тимовите е отворено до 23 март 2022 година, 12:00 часот. Регистрацијата е на следниов линк: https://bit.ly/3GZxpU9 а формуларот го пополнува тим-лидерот.

Важно: За тимовите што доаѓаат од други градови, предвидено е сместување во хотел „Панорамика“ – Скопје.

4. Прашања и одговори?

Вашите прашања може да ги испратите на hakaton@metamorphosis.org.mk; најдоцна до 20 март 2022 година.

Подетални информации поврзани со „Хакатон за отворени податоци“ се достапни на следниов линк: https://bit.ly/3sCGo9P

Пријавете се!

(Комерцијална објава)
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот