X
 07.03.2022 Живот

Кои земји го осудија нападот, а кои ја поддржуваат Русија?

На 24 февруари Русија ја нападна Украина, а веќе една и пол недела руските сили продолжуваат да ги напаѓаат украинските градови. Пред неколку дена руските војници влегоа во Кресон, а почнаа и нападите на Харков и предградието на Киев.

Во руската инвазија на Украина загинаа повеќе од 2.000 украински цивили, а уништени се стотици објекти, вклучувајќи болници, градинки и домови. Русија објави дека има мртви, но не наведе бројки.

Осуди од Западот, неутрални соседите на Русија

Уште од самиот почеток беше осудена руската агресија и беа упатени повици за мир. Очекувано, Белорусија, од чија територија Русија ја нападна Украина, ја поддржа Русија. Остатокот од Европа е обединет во осудувањето на инвазијата. Единствено Србија одлучи да биде неутрална. Таа го поддржа територијалниот интегритет на Украина, но не и санкциите против Русија.

инвазија

Осуди доаѓаат и од Северна Америка, Австралија, Јапонија, Јужна Кореја, Непал, Грузија и делови од африкански и јужноамерикански земји.

Поддршка на Русија ѝ дадоа Куба, Никарагва, Венецуела, Сирија, Иран, Северна Кореја и Мјанмар. Соседите на Русија, Казахстан и Монголија, се неутрални, како и Кина, која повика на мир, но одбива инвазијата да ја нарече војна.

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/Index
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот