Рускиот Арктик би можел да стане еден од најголемите светски центри за складирање податоци на меѓународни компании, изјавил академикот Александар Воротников, од име на проектот за развој на Арктикот.
(
Фото: Lev Fedoseev / TASS)
Тој потврдил дека голем број меѓународни компании, како „Фејсбук“, имаат центри со податоци во близина на поларниот круг.
„
Русија има голем потенцијал поради природниот студ што е неопходен за работа на центарот за податоци“, рекол Воротников и додал дека поединечни регионални власти им понудиле на инвеститорите територија за организирање складишта за податоци.
Тој рекол дека Русија има и правна основа за развој на тој проект.
На крајот од јуни Русија усвоила закон што го регулира механизмот за соработка помеѓу јавниот и приватниот капитал во ИТ-технологијата.
Инаку, на Арктикот веќе постои складиште во кое се чуваат семиња од растенија.