Во време кога е најлесно да се стигне до информации, многумина чувствуваат притисок од преголемиот број вести и податоци што секојдневно им се сервираат. Но, ова е и време кога образованието не завршува со добивањето на дипломата.
Често се среќаваат термините „продолжено образование“ и „доживотно учење“. Тие може да значат различни работи во зависност од поединецот. Генерално, станува збор за формални и неформални активности и методи за учење. Тука се курсевите и сертификатите за кои се учи за да се напредува во кариерата, но и активности како следење семинари.
Фото: Pixabay
Целта на овие активности е самостојното надградување и по завршувањето на формалното
образование. Луѓето не учат само од професорите и наставниците. Нови вештини се стекнуваат од различни искуства и луѓе.
Зошто е важно доживотното учење?
За професионалците што мора да останат во тек со трендовите, јасна е потребата од постојано учење. Одредени професии бараат постојано надградување и едуцирање, а самостојното учење им помага на работниците да бидат подобро квалификувани и да напредуваат.
Фото: Pixabay
Секако, постојат поединци за кои доживотното учење може да има друга улога. За некои, тоа е начин на кој луѓето може да дознаат кои се нивните скриени интереси. Понекогаш луѓето не се свесни кои се нивните вистински интереси, а еден начин за откривање е постојаното надградување.
Значењето на доживотното учење е големо и затоа што отвора можности за запознавање нови луѓе. Без разлика дали новите познајници се од истата професија или од различна, со запознавањето нови лица се шират видиците, што секако е корисно.
Автор: Марк Линч
Извор:
lifehack.org