Да се ангажираат учениците во наставата може да претставува предизвик во текот на целата година. Николас Провензано, професор по англиски јазик ги користи своите 15 години искуство за да ги советува останатите професори како да се погрижат нивните ученици да останат фокусирани на часот цело време. Постојат различни начини на кои може да се задржи вниманието на учениците, но тој наведува неколку кои направиле голема разлика во неговите часови.
Првите пет минути
Тој сака да ги поминува првите пет минути секој ден зборувајќи со учениците. Ова време е наменето за нивните приватни животи наместо на училиштето. Тие зборуваат за видео игри, спорт, филмови или било што друго што се случува околу нив. Ова внимание на учениците им претставува мотивација за да се фокусираат бидејќи се чувствуваат третирани како индивидуалци.
Место
Понекогаш, учениците имаат потреба од место за игра. Провензано забележал значително подобрување кога успеал да добие простор за игра и работа во библиотеката на училиштето. Таму, учениците го користат просторот за да дизајнираат и создаваат предмети, но и да разговараат за идеи за нивните проблеми дома и други работи што ги интересираат. Ваквите места се добри за сите возрасти и не бараат ништо особено. Децата може да ги користат овие места за хоби, за групна работа итн.
Учење основано на проекти
Овој метод е особено успешен кај
Провензано. Тој вели дека дури и најтивките ученици се активираат за време на проектите. Најдобро е да им се дозволи на учениците да го одберат начинот на кој ќе го претстават она што го разбрале. Професорот ги води на почетокот, но останатото е на нив. Тие работат на проект и потоа го презентираат пред целиот клас.
Genius Hour/20 Time
Интернетот веќе влегува во образованието, а ова е техника што им дава можност на студентите да истражуваат нешто што ги интересира за време на одредено време од часот. Ова време, одредено од професорот, може да трае и месеци, па и цела година. Учениците го користат времето за да научат нешто за нивната одбрана тема. Тие го споделуваат наученото со објави на блог, презентации на час, а понекогаш и со цел говор на крајот. На овој начин, тие ќе истражуваат, пишуваат, читаат, зборуваат и презентираат додека учат.