X
 07.04.2023 Живот

Белгиец ја направи најдолгата флејта на светот, со неа била снимена музиката за филмот „Кит“

Белгискиот уметник Вин Клемaн ја направи најдолгата флејта на светот. Таа има осум метри, а според порталот „Фокус Белгија“, со овој музички инструмент композиторот Роб Симонсен го создал необичниот звук, т.е. музиката за филмот „Кит“ („The Whale“, кој освои два „Оскари“ годинава).

Клеман од детството бил фасциниран од звукот и музиката, поради што и самиот почнал да прави инструменти од дрво.

Така, учејќи каков звук или вибрации може да испушти дрвото, Клеман денес е светски познат мајстор за изработка на инструменти.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот