Еден од најбогатите Норвежани, Ејнар Јохан Расмунсен, вложил 1,6 милион долари во фондацијата „Биокосмос“ чија намера е да ја негира Дарвиновата теорија на еволуцијата, промовирајќи псевдонаучна теорија за интелигентен дизајн.
Фондацијата повика на поотворена дебата за биологијата и вселената, а целна група се сите заинтересирани за наука и големи прашања, особено младите, вклучувајќи ги и студентите.
Со промовирање на идејата за интелигентен дизајн фондацијата ги прославува доблестите на псевдонаучните теории дека природата е толку прецизно наместена и добро направена, што не можела да развие природна селекција.
81-годишниот Расмунсен изјави дека сака што поголем дел од ова модерно истражување да биде достапно за јавноста.
Фото: Shutterstock
- На значајни начини се коси со Дарвин - објаснува Расмунсен.
Тој се согласил со фондацијата, чии членови се дански професор, лекар, градежен инженер и теолог, дека еволуцијата не може да се објасни како резултат на случајни промени или природна селекција.
Но, Расмусен предизвика остри реакции од многумина што веруваат дека овој моќен бизнисмен се обидува да влијае врз образовниот систем во Норвешка. Норвешкиот пратеник Торстин Твет Солберг изјави дека е сосема погрешно богатите да се обидуваат да купат пристап до норвешките училници.
- Тоа е премногу алтернативно и блиску до бесмислица - истакна Солберг.
Постапката на Расмусен ја искоментира и Мартин Јакобсен, истражувач од Теолошкиот факултет „Ансгар“ во Кристијансанд, кој изјави дека за природата треба да се прашаат научниците, а за Бога, теолозите.
- Кога се прашувате како се развила
природата, треба да разговарате со научник. Кога се прашувате како функционира Бог, тогаш треба да разговарате со теолог - истакна Јакобсен.