X
 07.05.2018 Живот

Секојдневните маки на една мајка преточени во сурово вистинити илустрации

Да се биде мајка значи да се има огромна одговорност во животот. Мајчинството целосно го менува животот на една жена. Јасно е дека таквата улога има милион прекрасни предизвици, но и доволно застрашувачки, што само родителот може да ги сфати.

Во таквите моменти Кара Вест пронашла инспирација за своите илустрации. Без разлика дали станува збор за најосновните ситуации од перење долна облека, до првите чекори на нејзиниот 2-годишен син Џејмс, оваа мајка одлучила сите моменти да ги забележи со пенкало.

мајка
Фото: Instagram

- Да се биде домаќинка и мајка воедно значи и осаменост. Сакам да верувам дека низ цртежите ќе можам да се поврзам со другите мајки и така да им помогнам да се чувствуваат помалку осамено - вели Кара.

Цртајќи ги илустрациите, почувствувала дека ѝ се намалува притисокот, па голем дел од нив ги поставува на својот инстаграм-профил, каде што родителите можат да се поистоветуваат со различни ситуации.

Како изгледа да се биде домаќинка и мајка на двегодишно дете од аголот на Вест:

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот