1. Далечни светови
Сите планети во нашиот Сончев Систем се вртат околу Сонцето. Планетите кои патуваат околу други ѕвезди се нарекуваат
егзопланети. Тие многу тешко се забележуваат со обични телескопи. Причината за ова лежи во сонцата кои блескаат со силен интензитет што ги затскрива планетите што кружат околу нив.
Астрономите морале да измислат поинакви методи за да можат да ги пронајдат: ги бараат егзопланетите така што го препознаваат нивното влијание врз Сонцето околу кое се движат.
2. На кој начин се бараат скриените егзопланети?
Еден од сигурните методи е да се бараат планети кои отстапуваат од совршената орбита. Ѕвездата околу која кружат планетите нема правилна орбита, туку околните планети ја привлекуваат кон центарот на масата, што од голема далечина изгледа како да се ниша.
Нишањето што го создаваат големите планети како Јупитер и Сатурн лесно се забележува, додека она што е предизвикано од помали планети како Земјата многу потешко се препознава.
3. На кој начин се пронаоѓаат планети со големина колку Земјата?
Во 2009 година НАСА го лансира леталото „Кеплер“, кое беше создадено за барање егзопланети. „Кеплер“ бараше планети со различни големини и орбити, а неговата потрага беше повеќе од успешна. Сите пронајдени планети кружеле околу сонца со различни големини и температури, што значи дека се многу позастапени отколку што првично се претпоставуваше.
Некои од овие планети се каменести и се движат на значајна оддалеченост од Сонцето. Тоа подрачје се нарекува зона на населеност, а научниците веруваат дека во неа постојат најголеми шанси за постоење на живот како на Земјата.
4. Кеплеров метод
„Кеплер“ успеал да открие низа планети со таканаречениот метод на транзит. Кога планетата поминува пред ѕвездата, се нарекува транзиција, а тогаш таа создава мала сенка врз ѕвездата. Ова значи дека ѕвездата ќе свети нешто помалку кога планетата патува пред неа.
Астрономите можат да следат на кој начин се менува светлината на ѕвездата при проаѓањето на планетите пред неа. Овој метод овозможува дури и да се препознае и големината на тие планети.
5. Венера поминува пред Сонцето
Со проучување на времето меѓу транзитите, астрономите можат да ја откријат и оддалеченоста на планетата од Сонцето. На тој начин, тоа зборува и за температурата на планетата и можноста за постоење вода на неа, што е клучен фактор за постоење живот.
До денес „Кеплер“ открил илјадници планети. Благодарение на ова летало, денес знаеме дека вселената буквално е преполна со егзопланети, кои дополнително треба да се истражуваат.