Научниците развија нов вид паметен завој што може да го сигнализира видот на бактериска инфекција, исто како и семафорот, и да го ослободи вистинскиот потребен лек.
Истражувачите што стојат зад дизајнот се надеваат дека завојот ќе помогне во борбата против отпорноста на антибиотиците, како и за побрзо зараснување на раните.
Системот функционира исто како семафорите: зелено значи дека нема бактерии или ниска концентрација на бактерии, жолтата значи дека бактериите се чувствителни на стандардните антибиотици (DS), додека црвената значи дека бактериите се отпорни на лекови (DR), така што потребна е дополнителна помош за да бидат избришани.
Колку е посилна бојата, толку е поголема концентрацијата на бактерии.
При тестирање на завојот на глувци истражувачкиот тим успешно ги третирал инфекциите од ешерихија коли и кај зелената и кај жолтата боја, користејќи го новиот метод.
Фото: ACS Central Science 2020
Ако се открие отпорност на лекови, може да се користи интензивен зрак на светлина за да се активира ослободување на високо реактивен вид кислород за да ослабнат бактериите, со што ќе го прифатат антибиотикот во материјалот.
Антибиотиците се ослободуваат веднаш штом ќе се забележи инфекцијата. А бидејќи се забележува и отпорноста на антибиотиците, тоа значи дека може да се примени дополнителен третман пред бактеријата да има шанса да мутира и да се брани себеси.
- Откривањето на бактериските инфекции и следењето на отпорноста на лекови се важни за изборот на опции за третман - пишуваат истражувачите од кинеската Академија на науките во нивниот објавен труд.
- Сепак, вообичаените методи за откривање на отпорот од антибиотиците се ограничени со време, потребен е стручен персонал и скапи инструменти. Покрај тоа, злоупотребата на антибиотиците предизвикува забрзан процес на отпорност на бактерии - пишуваат тие.
Нема да има потреба да се чека лекарот да постави дијагноза.
Лицето што го носи
завојот ќе добие повратни информации во реално време за тоа што се случува со инфекцијата, ако воопшто има инфекција. Истражувачите велат дека тоа отвора многу повеќе придобивки во споредба со постојните третмани.