Децата што не ги примиле вакцините кои се предвидени со редовниот вакцинален календар во земјава нема да бидат запишани во прво одделение, истакнаа од Владата. Но, што со овие деца? Како ќе се образоваат? Засега нема одговор на ова прашање. Јасно е само дека платената казна за недозволување да се вакцинира детето не го амнестира родителот тоа да биде невакцинирано, истакнуваат од Државниот и санитарен здравствен инспекторат (ДСЗИ).