X
 07.05.2024 Живот

Над еден милион Македонци ја посетиле Грција лани

Минатата година Грција ја посетиле 1.128.000 туристи од Македонија, бројка речиси двојно поголема споредено со 2022 година, согласно податоците од Институтот на Асоцијацијата на грчки туристички бизниси (ИНСЕТЕ), јави дописничката на МИА од Атина.

Во истражувањето „Кој каде оди? Колку долго останува? Колку троши?“, ИНСЕТЕ ги анализира официјалните податоци на Банката на Грција за туризмот и туристите во земјата во 2023 година, а поконкретно се фокусира на секој од 13. грчки региони.

Македонија и овој пат е меѓу првите 15 држави според бројот на туристи и останува без промени на 11. позиција, иако драстично е зголемен бројот на посетители од нашата земја.

Првите 15 земји со најголем број посети и посетители на Грција се Германија, Велика Британија, Бугарија, Италија, Франција, САД, Романија, Холандија, Полска, Албанија, Македонија, Турција, Австрија, Белгија и Србија.

Конкретно за Македонија, минатата година за 46,5 отсто се зголемил бројот на посетители споредено со една година претходно, односно имало 1.128.000 посетители во 2023 година, наспроти 770.000 во 2022 година.

Во однос на посетите од нашата земја, во 2023 имало 1.132.000 посети, а пред две години 771.000, додека пак мнозинството посети се во северниот дел на Грција.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот