X
 17.07.2023 Живот

Грчки брод за крстосување нуди работа од соништата и канцеларија на мегајахта

„Варајети крузес“, водечка компанија за крстосување со мали бродови, објави возбудлива можност за лицата што бараат работа од соништата.

Сега секој може да ја замени работата од дома со работа на море со „Варајети крузес“ бидејќи компанијата бара нов вработен чија канцеларија ќе биде мегајахта во период од една година.

Компанијата вели дека бара кандидат кој ќе биде посветен и ќе поседува страст за патување. Улогата на менаџерот за развој на производи е да ги мапира дестинациите и да создава и ажурира копии од маршрутата на бродот.

Без разлика дали е искусен професионалец или почетник, „Вајареки крузес“ верува во поттикнувањето поддржувачка и инклузивна работна средина каде што секој член на тимот може да напредува. Позицијата е клучна за мисијата на компанијата да создаде подобар свет на море, поддржувајќи ги столбовите на фондацијата „Варајети керс“, која се фокусира на промовирање чисти океани, родова еднаквост и образование за сите.

Како лидер во индустријата, „Варајети крузес“ нуди низа бенефиции за своите вработени. Покрај можноста да патуваат и да истражуваат неверојатни дестинации, вработените уживаат во конкурентни пакети за плати, сместување и оброци на бродот, постојани програми за обука и развој и шанса да работат заедно со разновиден и меѓународен тим.

Компанијата охрабрува да се пријават сите кандидатите со искуство во угостителството и туризмот.

Извор: Traveldailynews.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот