Гените не ја одредуваат нашата личност во целост, туку добар дел зависи и од нас самите.
Но, тие се оние кои ни даваат предиспозиција за развивање на некоја карактеристика, а со нашето (не)делување таа се случува или не се случува. Но, на некои работи, како што е физичкиот изглед, не можеме да влијаеме.
Така, од мајките го наследуваме палецот на ногата и брзината на стареењето, додека таткото се смета за „виновник“ за големите уши. Но, погледнете што уште се наследува од родителите.
Алкохолизам
Неодамнешно истражување докажа дека веројатноста да ја наследите оваа болест е 50%. Што значи дека ако се движете во друштво на алкохоличари и живеете боемски живот, тогаш големи се шансите овој ген да исплива на површина. Затоа, паметот во глава.
Рак на дојката
Причината за рак на дојката и понатаму е мистерија, но истражувањата откриваат дека мутациите на одредени гени како што се BRCA1 и BRCA2 се причина за некој вид на рак. Жените кои ја наследуваат оваа мутација обично заболуваат во раната младост и најчесто туморот ги зафаќа двете дојки. Затоа, секоја девојка која има генетска предиспозиција треба да направи генетска анализа и да утврди дали има мутиран ген - превенцијата е лек против малигни болести. Мажите кои носат BRCA1 ген, имаат зголемен ризик од рак на простатата, додека BRCA2 генот ги става во ризична група за болести како што е рак на панкреасот.
Далтонизам
Далтонизмот е повеќе присутен кај мажите отколку кај жените, бидејќи гените кои детектираат зелен или црвен дел од спектарот се наоѓаат на X хромозомот, а со оглед на тоа што жените имаат два X хромозоми, а мажите само еден, јасно е зошто е почест кај посилниот пол. Далтонизмот може да се открие околу третата година, кога децата воглавно ги распознаваат основните бои.
Склоност кон насилство и криминал
Откриен е генот кој ја зголемува агресивноста. Ако некој од вашите предци се занимавал со криминал, голема е веројатноста дека и вас ќе ве привлече ова. Истражувачите докажале дека и агресивното однесување кое се јавува кај децата е сигурно наследено.
Дебелина
Калоричните оброци и фактот дека некој од семејството е дебел, се совршен рецепт за дебелина. Една научна теорија вели дека истиот ген со чијашто помош луѓето некогаш преживувале глад сега го прави спротивното - дебелее бидејќи има храна во изобилство.
Болести на срцето
Детата со родители со срцево заболување и болести на крвните садови имаат огромни предиспозиции еден ден и тие да заболат од истите. Голема е веројатноста луѓето со вродена срцева мана да имаат деца со исти здравствени проблеми.
Акни
Проблемите со кожата се честа пубертетска појава, а кај некои се задржуваат и во подоцнежните години. Доколку имате проблеми со акните, слободно обвинете некој од родителите за тоа.
Нетолеранција на лактоза
Кинеската ненаклонетост кон млекото се смета за културолошка разлика, додека научниците во 1960 година откриле дека нетолеранцијата на млеко се јавува кај Азијците, Афроамериканците и јужните Европејци. Во последните 10.000 години генетските промени се развиле и довеле до тоа луѓето да можат да го сварат млекото, меѓутоа доколку сте нетолерантни на лактоза, веројатно вашите роднини не го јаделе.
Ќелавост
Ќелавост се јавува обично кај мажите, но на научниците и понатаму не им е јасно зошто е тоа така. Се проценува дека ќелавоста настанува поради абнормалност во неколку гени кои се наследуваат од еден или од двата родители.