X
 21.08.2021 Живот

Музикалност, хумор, подложност на стрес: Карактерни особини што ги наследуваме од родителите

Нашата ДНК содржи многу повеќе информации отколку што можеме да замислиме. Иако научниците сè уште не можат да дадат јасен одговор на прашањето што најмногу влијае врз карактерот на луѓето - околината, гените или воспитувањето, многу истражувања покажале дека наследуваме повеќе од изгледот. Така, може да се наследат некои фобии, но и други карактеристики.

Фобии

Истражување покажало дека фобиите се наследуваат. Истражувањето било спроведено со експерименти на глувци кои биле тренирани да одбегнуваат мириси слични на мирисот на црешов цвет. Во експериментите, децата и внуците на глувците што биле тренирани подоцна го одбегнувале овој мирис, иако немале причина за тоа.


Фото: Pixabay

Екстровертност

Гените WSCD2 и PCDH15 се поврзани со екстровертноста. Па, можеби сте толку друштвени поради вашите предци.

Смисла за хумор

Некои луѓе веруваат дека смислата за хумор се учи или зависи од околината во која личноста расте. Но истражување покажало поврзаност на смислата за хумор и генот 5-HTTLPR. Во истражувањето биле земени предвид возраста, полот, етничката припадност и симптомите на депресија.


Фото: Pixabay

Подложност на стрес

Некои луѓе се поподложни на стрес, а оваа карактеристика се пренесува од родителите на децата. Експертите тврдат дека доколку мајката била изложена на стрес во бременоста, нејзиното дете ќе биде поподложно на стрес во животот. Освен тоа, ризикот за оштетување на хормоните е поголем доколку родителите биле под стрес долго пред добивањето на детето.

Склоност на зависности

Гените и наследните особини се 40-60 отсто одговорни за развивањето на зависности. Зависностите се поврзуваат со генот Д2, кој е вид допамински рецептор. Луѓето кај кои овие рецептори не работат добро почесто земаат супстанции што предизвикуваат зависност.

Спиење

Некои луѓе може да спијат помалку од 5 часа и сепак добро да функционираат. Постои ген наречен Тачеров ген, кој е именуван по Маргарет Тачер, која спиела само 4 часа. Луѓето со овој ген може да спијат помалку и да изведуваат подобри ментални задачи отколку кога спијат подолго.

Штедење

Кога се работи за парите, некои луѓе се генски предодредени да штедат, без разлика на приходите, полот и образованието. Овие луѓе, исто така, поретко имаат лоши навики како пушење и имаат помал ризик за заболување од дијабетес. Ова се случува бидејќи имаат подобра самоконтрола.


Фото: Pixabay

Музикалност

Гените играат поголема улога во музикалноста отколку вежбањето, особено кога станува збор за препознавањето на тонот и ритамот. Истражување на идентични близнаци покажало дека оние што вежбале помалку имале подобри резултати од оние што вежбале повеќе.

Извор: Novosti
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот