X
 14.03.2016 Наука

Гените одредуваат дали сте утринска личност или ноќна птица

Ново истражување покажува дека луѓето се раѓаат како ранобудници, не се навикнуваат. Ова се добри вести за сите оние кои очајно се обидуваат да стануваат порано, но без успех.


Ново истражување покажува дека не е ваша вина тоа што не може да функционирате најефикасно пред 9 часот наутро. Истражувачи од Универзитетот во Лестер во Обединетото кралство откриле речиси 80 гени кои се поврзани со тоа дали некој повеќе сака да останува до доцна во ноќта или да станува рано. Иако ова звучи како неповрзано за телесниот часовник, тимот научници покажал дека повеќето од овие гени се најдени и кај други цицачи.

Претходно истражување покажало дека повеќето луѓе откриваат дека се попродуктивни наутро или навечер, а ова е познато како „хронотип“.

Додека многу истражувања ги разгледувале ефектите од хронотипот, немало истражувања за она што ја прави таа разлика, сè досега.

Во ова истражување се правеле експерименти на вид инсекти чии гени за спиење се многу слични на човековите, со што се добила молекуларна анализа.

Истражувачите го објавиле своето откритие во „Frontiers in neurology“ и сега работат на истражување за улогата на гените во слични процеси кај луѓето.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука