Иако многумина постојано се жалат на работата, голем дел од нив одбираат да работат и тогаш кога не мораат. Едно истражување од „Гласдор“ покажува дека американските работници користат само половина од својот платен одмор.
Но, друго истражување од Универзитетскиот колеџ во Лондон покажува дека предолгата работа може да го зголеми ризикот за добивање мозочен удар за 33% и ризикот за срцев удар за 13%. Одморот може да ви помогне да ја вратите силата и енергијата и подобро да се соочувате со предизвиците потоа. Како да познаете дали ви е потребен одмор? „Бизнис инсајдер“ наведува некои знаци кои покажуваат дека ви е потребен одмор.
Започнувате да изгледате како вашата фотографија за пасош
Секаков знак на хроничен стрес може да се забележи на лицето, а лошиот изглед треба да биде вашиот аларм.
Имате проблеми со спиењето
Без разлика дали имате проблеми со заспивањето или будењето, проблемите со спиењето може да бидат симптом на пренапорна работа и стрес.
Започнувате да пропуштате настани во личниот живот
Доколку пропуштате многу настани, вечери, состаноци, тоа може да биде знак дека работата ви е побитна од се` и дека заборавате на животот.
Правите грешки на работа
Тоа може да се минимални грешки со бројки и слично, но може да бидат знак дека ви треба одмор.
Немате толку ентузијазам за работата
Доколку не сте возбудени кога одите на работа како некогаш, веројатно ви е потребна пауза.
Сте ја изгубиле смислата за хумор
Доколку повеќе не се смеете на шегите кои некогаш ви биле смешни или не наоѓате позитивна страна на она што го работите, одете на одмор.
Ридовите стануваат планини
Работите кои порано не ви претставувале проблем или тешка задача сега изгледаат како огромни пречки. Ова може да биде знак дека на мозокот му е потребна пауза.
Животот се врти околу работата
Ако вашиот идентитет е превиткан во вашата работа толку што сте заборавиле кој/а сте вистинскиот/ата вие, време е за одмор.
Мислите само на работата
Кога поминувате многу време размислувајќи или зборувајќи за работата, тоа е знак дека ви треба фокус на нешто друго.
Правите нездрави избори
Пиењето алкохол, прејадувањето или прескокнувањето на нормалната рутина за вежбање може да бидат знаци дека треба да ги промените работите со одмор.
Вашите слободни часови не се доволно слободни
Наместо да трчате на забавни активности за време на слободното време, вие само се фрлате на каучот бидејќи немате енергија. Тоа значи дека не сте доволно здрави и енергични.
Мечтаете за се` и сешто, само не за работата
Кога ќе започнете да мечтаете на работата за секакви работи
наместо да се фокусирате на целите, време е да направите резервација за одмор.