Ова е едно од најоддалечените волонтерски работни места во светот, но и едно од најинтересните. Имено, се бараат волонтери кои ќе бројат пингвини во текот на петмесечен престој на Антарктикот. Овие волонтери ќе управуваат со најјужната пошта во светот и ќе работат на зачувување на животната средина.
Од оваа пошта се испраќаат илјадници разгледници, а станува збор за управување со британската база во Порт Локрој на островот Гудиер. Во текот на летото на Антарктикот пет мажи и жени во областа ќе ги бројат гнездата на папуански пингвини, нивните јајца и младенчиња, ќе се грижат за тамошниот музеј, како и за илјадниците разгледници што се испраќаат секоја година.
Островот, кој е голем колку едно фудбалско игралиште, нема проточна вода и тоалети, постојано е дење, а температурите се под нулата. На секој член на тимот му е дозволено да донесе кутија со друштвени игри, книги или фотографии.
Другата половина од групата има уште потешка задача. Треба да се пробие до засолништето на островот Белилкол, кој е најмалата и најтешка пристапна локација и до која може да се стигне само со брод.
Извор:
Bluewin.ch
Фото: UKAHT