X
 17.04.2020 Живот

Гении што испишале историја додека биле во карантин или изолација

Како што луѓето низ светот продолжуваат да се во карантин и изолација во обид да се забави ширењето на коронавирусот, така многумина се обидуваат да се справат со здодевноста  создавајќи креативни дела.

Луѓето споделуваат приказни за тоа како неколку познати гении всушност ги создале нивните ремек-дела додека биле во карантин или друг вид присилна изолација, а некои од овие приказни се вистинити.

Исак Њутн


Во 1665 година, додека Њутн бил студент во „Кембриџ“, Лондон, имало голема епидемија на бубонската чума. Њутон се повлекол во семејниот имот Вулстроф Менор, кој се наоѓал на 95 километри северозападно од Кембриџ. Неговата теорија за гравитација била основана токму тука, а тој напишал и некои други трудови.

Вилијам Шекспир


Иако е невозможно целосно да се докаже, познато е дека Шекспир доживеал многу епидемии на чума во текот на неговиот живот. За жал, не постојат докази дека самиот тој некогаш бил во карантин, но во текот на некои од неговите најпродуктивни моменти Лондон бил затворен поради појава на бубноската чума. Тука биле вклучени и театрите кои, според Гардијан“, биле масовно затворани во текот на најплодната деценија на Шекспир како писател, од 1603 до 1613. Наводно Шекспир напишал неколку песни, меѓу кои и „Венера и Адонис“.

Виктор Иго


Сте слушнале за „Клетници“? Пред да стане мјузикл-блокбастер, беше огромен роман напишан од францускиот автор Виктор Иго. Но, во 1851 година Иго бил прилично разочаран од состојбата во Франција. Тој бил гласен критичар на Наполеон III и морал да оди во егзил за да избегне казна. Неговиот егзил го однел од Белгија до островот Џерси во англискиот канал и до островото Гернзи. Сè на сè, тој поминал 20 години надвор од својата земја, а периодот го користел за пишување. Покрај трите книги поезија, го напишал и поголемиот дел од „Клетници“ - книгата почнал да ја пишува години наназад, но ја завршил за време на егзилот.

frida
Фото: Screenshot/YouTube

Фрида Кало


Познатата мексиканска уметница претрпе сериозна несреќа. Прво имала детска парализа на шестгодишна возраст, што резултирало со долг период принуден одмор во кревет. 12 години подоцна, како студентка, Кало доживеала сообраќајна несреќа меѓу автобусот во кој се возела и трамвај, па се здобила со фрактура на 'рбетниот столб. Имено, држач од автобусот ѝ се забил во грбот, при што ѝ предизвикал силно крвавење. Тоа ќе ѝ го обележи животот принудувајќи ја на многубројни хируршки интервенции. Веднаш по несреќата, откако била пуштена од болницата, била принудена да лежи в кревет со гипс на горниот дел од телото. Историчарите шпекулираат дека токму овој период на заздравување целосно ја зацврсти нејзината љубов кон уметноста (дотогаш таа студирала медицина). Првиот автопортрет го нацртала додека закрепнувала. Таа го искористила огледалото над креветот за да се нацрта.

Едвард Мунк


Сликарот Едвард Мунк во 1918 година бил во карантин поради пандемијата на смртоносната шпанска треска. Неговата најпозната слика наречена „Вресок“ не била создадена во текот на пандемијата (ја насликал во 1893 година), но во текот на епидемијата ја насликал „Самопортрет“ од болниот себеси, како и некои други дела.

Симон де Бовоар


Симон, француски глас на феминизмот од 20 век, ја изгуби работата како наставник за време на нацистичката окупација на Париз. Таа му помагала во францускиот отпор во градот и создала неколку книжевни дела. Можеби најзначајна и најрелевантна беше нејзината единствена претстава „Кој ќе умре (бескорисни усти)“ („Les Bouches inutiles“). Напишана во 1945 година, оваа претстава се одвива за време на опсадата во 14 век, но јасно била инспирирана од нацистичкиот режим. Насловот се однесува на луѓето што се „бескорисни“ во време на опсада за да ги спасат животите на младите, здрави мажи.

Салватор Роса


Сликата „Човечка кревкост“ од 1656 година не е особено суптилна. Сликарот на сликата, Салватор Роса, штотуку го изгубил својот млад син во епидемијата на чума во 1656 година што тешко го погоди Неапол. Двајца од браќата на Роса исто така умреле од чумата. Тој ја создал оваа мрачна слика во која новороденче (што го претставува неговиот син) се потпишува на списокот на смртта. Не е сигурно дали тој бил во карантин, но сигурно бил во средината на катастрофална епидемија.

Џовани Бокачо


Бокачо создавал дела за време на чумата. Оваа катастрофална епидемија ја погодила Фиренца во 1348 година и ги убила неговиот татко и маќеа. Иако изворите се поделени за тоа дали самиот тој го напуштил градот за да се изолира, во годините по избувнувањето на болеста тој го создал неговото најпознато дело „Декамерон“. Во делото, поради чумата, десет млади луѓе бегаат од Фиренца во 1348 година и две недели поминале на село. Бокачо го делел романот така што секој ден забележувал колку време неговите ликови поминувале во карантин (1 ден, 2 ден).

Извор: Rd.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот